• вторник, 24 декември 2024

Германски дипломат: Нацртот на ЗСО е добар, Косово доцни со спроведувањето

Германски дипломат: Нацртот на ЗСО е добар, Косово доцни со спроведувањето

Берлин, 3 октомври 2024 (МИА) - Германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Зарацин, изјави дека нацртот на Статутот на Заедницата на општини со мнозинско српско население (ЗСО), кој е изработен од Европската Унија, е добар и дека Германија очекува Косово да го испрати нацртот до Уставниот суд.

„Имате нацрт што е изработен од ЕУ и вашите партнери и пријатели, и тоа е добар нацрт. Сакаме да го прифатите“, рече Зарацин на панел-дискусијата по повод 25-годишнината од германскиот ангажман во Косово.

Тој додаде дека доколку Приштина го испратеше нацртот до Уставниот суд, тоа ќе ја приближеше кон членство во Советот на Европа, пренесува „Економија онлајн“.

Зарацин учествуваше и на германско-косовскиот економски форум во Приштина, каде што нагласи дека владата на Косово доцни со спроведувањето на одлуката на Уставниот суд за враќање на 24 хектари земјиште на манастирот Дечани, наведува српскиот весник „Политика“. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан