• понеделник, 23 декември 2024

Германските расходи за отплата на каматите ќе бидат повисоки за 10 милијарди евра

Германските расходи за отплата на каматите ќе бидат повисоки за 10 милијарди евра
Берлин, 11 ноември 2022 (МИА) - Исплатата на каматите на долгови ќе ја чини германската федерална влада околу 10 милијарди евра повеќе во 2023 година отколку што се очекуваше претходно, поради зголемените трошоци за задолжување и високата инфлација. Тоа се наведува во документ во кој имале увид западни медиуми. Каматниот товар ќе се зголеми на околу 40 милијарди евра во однос на 29,6 милијарди предвидени од владата, се вели во резимето од седницата на комисијата за буџет на Бундестагот, Долниот дом на Парламентот. Тоа би било 10 пати повеќе од износот на расходите за камати во споредба со 3,9 милијарди евра во 2021 година. Засега ниту Министерството за финансии, ниту буџетските експерти од владејачката коалиција не ги коментираат наодите на Комисијата за буџет. паг/

Остани поврзан