• среда, 25 декември 2024

Германскиот парламент ќе разговара за состојбата во Босна и Херцеговина

Германскиот парламент ќе разговара за состојбата во Босна и Херцеговина
Берлин, 25 јануари 2022 (МИА) - Во германскиот парламент - Бундестагот утре ќе се разговара за Босна и Херцеговина. Свое обраќање ќе има и високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, кој ќе извести за состојбата во државата. Расправата доаѓа токму сега, кога се очекува конкретна реакција од Берлин на деструктивните сили во Босна и Херцеговина, а откако САД почнаа со воведување санкции кон поединци и кон компании во земјата. Новата германска влада неодамна ја повика Европската унија да воведе санкции за Милорад Додик, поради неговите сецесионистички политики и одлуката за повлекување надлежности од државно ниво. Шмит во интервју за Пионер предупреди на раскол во Босна и Херцеговина. - За да спречиме моменталната ситуација да се претвори во конфликт, во кој луѓето пукаат едни на други, мораме јасно да кажеме: државата не смее да се дели и таа мора да функционира, изјави Шмит. бд/ссм/

Остани поврзан