• четврток, 19 декември 2024

Германскиот медиумски гигант Бертелсман ја зголеми прогнозата за 2024 година

Германскиот медиумски гигант Бертелсман ја зголеми прогнозата за 2024 година

Берлин, 28 август 2024 (МИА) - Германскиот конгломерат за медиуми и услуги Бертелсман ја зголеми својата прогноза за заработка по силниот почеток на годината, изјави денеска извршниот директор Томас Рабе за ДПА.

Бертелсман наведе солидни перформанси на бизнисот со книги Penguin Random House, музичкиот оддел BMG и давателот на услуги за е-трговија Arvato, како и во европскиот телевизиски и радио гигант RTL Group, кој е главен двигател на приходите.

- Стапките на раст во првата половина од годината се над нашите очекувања и уверени сме дека овој позитивен развој ќе продолжи и во втората половина од годината, рече Рабе.

При денешното објавување на резултатите од заработката, компанијата не понуди конкретна прогноза за целата година, но рече дека сега очекува значителен пораст на приходите и профитот.

Бертелсман, сепак, предупреди дека продажбата на нејзиниот бизнис за услуги за повици Majorel и нејзините акции во германската регионална медиумска група DDV сè уште можат да влијаат на резултатите.

За целата 2023 година, приходите ја надминаа границата од 20 милијарди евра (22,2 милијарди долари) втора година по ред, останувајќи во голема мера стабилни на 20,2 милијарди евра во споредба со претходната година.

Резултатот на групата уште еднаш ја надмина границата од 1 милијарда евра, достигнувајќи 1,3 милијарди евра, што е зголемување од 1,1 милијарда евра колку што беше во 2022 година, јави ДПА.

Во првите шест месеци од годината, приходите на групата се намалија за 7,5 проценти во споредба со истиот период претходната година на 9 милијарди евра поради продажбата на Majorel. Без ова, органскиот раст на приходите беше 3,7 отсто. Добивката на групата се зголеми за 60 проценти до 416 милиони евра. јт/

Фото: ДПА

 

Остани поврзан