Германскиот канцелар Шолц побара од парламентот гласање доверба
- Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска до германскиот Бундестаг (парламент) го поднесе предлогот за гласање доверба на неговата влада, со што се отвора патот за предвремени избори, јави ДПА.
Берлин, 11 декември 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска до германскиот Бундестаг (парламент) го поднесе предлогот за гласање доверба на неговата влада, со што се отвора патот за предвремени избори, јави ДПА.
Неговата левоцентиристичка влада се распадна пред повеќе од еден месец, откако не можеше да се постигне колаициски договор за трошењата во текот на следната, изборна година.
Редовните парламентарни избори требаше да се одржат во септември следната година, но по распадот на трипартитната влада составена од „семафор коалицијата“, предвремените избори е договорено да се одржат на почетокот на февруари. сд/
фото:МИА архива