• вторник, 24 декември 2024

Германскиот емисар за Западен Балкан, Саразин во Приштина на средба со Османи

Германскиот емисар за Западен Балкан, Саразин во Приштина на средба со Османи

Приштина, 28 мај 2024 (МИА) – Косовската претседателка, Вјоса Османи го прими денеска специјалниот пратеник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Саразин, со кого разговарала за последните политички и безбедносни случувања во земјата и регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти претседателскиот кабинет, Османи на средбата со германскиот емисар ја истакнала посветеноста на Косово на евроинтегративните процеси, изразувајќи благодарност за поддршката на Германија.

Таа изразила и целосна поддршка за Берлинскиот процес и договорите кои произлегуваат од тој процес, а побарала и натамошна поддршка од Германија за зачленување на Косово во Советот на Европа и други меѓународни организации.

„Претседателката Османи ја истакна и потребата од продолжување на германската поддршка за зајакнување на меѓународната позиција на Косово како и исполнување на аспирациите за членство во Советот на Европа, НАТО, ЕУ и други меѓународни организации“, се вели во соопштението од средбата на Османи со Саразин. иа/

Остани поврзан