• сабота, 06 декември 2025

Германската министерка за развој ги отфрли повиците за спојување со министерството за надзворешни работи

Германската министерка за развој ги отфрли повиците за спојување со министерството за надзворешни работи

Берлин, 2 април 2025 (МИА) – Германското Министерство за развој е потребно повеќе од кога било, изјави денеска министерката за развој Свења Шулце, по повиците за спојување со Министерството за надворешни работи.

- Мојот став е многу јасен: Сакам да се задржи ова министерство, рече Шулце, од централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД), на самитот за лицата со посебни потреби во Берлин.

Спојувањето во моментов е предмет на дискусија во преговорите за формирање на следната германска влада.

Конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ – составен од демохристијаните на Фридрих Мерц и баварската Христијанско-социјалната унија – предложи комбинирање на двете министерства, пренесе ДПА.

- Верувам дека тоа е уште повеќе потребно во сегашните времиња, и дека е голема предност што го имаме. И јас сум многу, многу среќна што сум министерка за развој, изјави Шулце.

Таа потврди и дека ја прашале дали сака да остане на функцијата во новата влада.

Коментарите на министерката дојдоа како одговор на напорите на новата американска администрација за огромно намалување на владините трошоци и бирократијата, вклучително и затворање на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). јт/

Фото: Фејсбук профил на Шулце

Остани поврзан