• среда, 27 ноември 2024

Германија ќе ја препорача вакцината на Џонсон и Џонсон за лица постари од 60 години

Германија ќе ја препорача вакцината на Џонсон и Џонсон за лица постари од 60 години
Германија, 7 мај 2021 (МИА) - Германскиот комитет за вакцини СТИКО ќе ја предложи вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“ за лица постари од 60 години, објави денеска Шпигл. Европското регулаторно тело за лекови ја поддржа вакцината минатиот месец, откако ги испита ретките случаи на згрутчување на крвта кај возрасни лица во САД кои примија единечна доза. Ова тело, сепак, им остави на земјите-членки на ЕУ да одлучат како да ја користат вакцината. СТИКО исто така ја препорача вакцината „АстраЗенека“ на лица над 60 години. паг/  

Остани поврзан