• недела, 24 ноември 2024

Германија сака ЕУ да разговара за санкциите за израелските доселеници

Германија сака ЕУ да разговара за санкциите за израелските доселеници

Берлин, 6 декември 2023 (МИА) - Германија сака Европската унија да ги разгледа санкциите за екстремистичките израелски доселеници кои стојат зад бранот насилство врз Палестинците на Западниот Брег, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи.

САД вчера соопштија дека ќе одбијат визи за екстремистичките израелски доселеници како одговор на насилството на Западниот Брег по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Себастијан Фишер, денска нагласи дека Берлин го поздравува фактот што САД „сега ќе преземат конкретни мерки во форма на ограничувања за влез“.

-Беше „важно да се поттикне оваа дебата напред и на европско ниво, рече портпаролот.

Берлин, како што додаде тој, „активно придонесува“ во дискусиите на оваа тема пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник во Брисел.

На почетокот на ноември, белгискиот премиер Александар Де Кро ја повика ЕУ да размисли за забрана на „екстремистичките“ Израелци кои повикуваат на насилство врз Палестинците да ја посетат Европа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан