• среда, 25 декември 2024

Германија планира „единица за рано откривање“ за борба против десничарскиот екстремизам

Германија планира „единица за рано откривање“ за борба против десничарскиот екстремизам

Берлин, 13 февруари 2024 (МИА) - Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер планира да формира „единица за рано откривање“ за кампањи за странска манипулација и влијание како дел од владините напори за борба против десничарскиот екстремизам, јави ДПА.

Планот е дел од пакетот од 13 мерки што Фезер ги претстави денеска во Берлин заедно со шефот на домашните разузнавачки служби Томас Халденванг и шефот на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција Холгер Минх.

Новата единица за рано откривање е наменета однапред да препознава кампањи кои се користат за манипулирање со слободното формирање мислење и политичка дебата и за слабеење на демократијата.

-Сакаме да ги искористиме сите инструменти на владеењето на правото за да ја заштитиме нашата демократија. Сакаме да ги разбиеме десничарските екстремистички мрежи, да им ги одземеме приходите и да им го одземеме оружјето, рече Фезер во изјавата. 

Министерството за внатрешни работи се залага и за измена на германскиот устав за подобра заштита на Сојузниот уставен суд од влијанието на непријателите на демократијата. За ова се разговара и меѓу правните експерти, со особен фокус на назначувањето на судии, пренесе ДПА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан