• сабота, 23 ноември 2024

Германија од следната година ќе почне да ги депортира сириските бегалци

Германија од следната година ќе почне да ги депортира сириските бегалци
Берлин, 11 декември 2020 (МИА) - Германија денеска соопшти дека ќе дозволи депортација на Сиријците од 2021 година, доколку тие претставуваат безбедносен ризик. Германија прими стотици илјади мигранти од Сирија во 2015-2016 година, но властите соопштија дека ќе биде потребно време за укинување на некои мерки против протерувањето на бегалците. - Општата забрана за депортација во Сирија ќе истече на крајот на годината. Тие кои извршиле злосторства или планираат да извршат терористички напади, со цел сериозно да и наштетат на нашата земја и на населението, ќе мора да ја напуштат нашата земја, изјави државниот секретар во германското Министерство за внатрешни работи, Ханс-Георг Енгелке. Тој посочи дека во Германија Одлуката за депортација на бегалците од Сирија беше донесена на состанокот на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер и неговите колеги во 16. сојузни германски држави, а наиде на критики од групите за човекови права. Социјалдемократите, партнери во коалициската Влада на канцеларката Ангела Меркел, не успеаја за шест месеци да ги продолжат мерките за заштита на мигрантите, што се во сила од 2012 година. Тие тврдат дека ситуацијата во Сирија ги спречува бегалците да се вратат во татковината. ми/

Остани поврзан