• среда, 25 декември 2024

Германија испраќа дополнителни војници на Косово во април 2024 година

Германија испраќа дополнителни војници на Косово во април 2024 година

Берлин, 6 октомври 2023 (МИА)  - Германската влада ќе испрати во април следната година дополнителни 150 војници како дел од мисијата КФОР, објави денеска магазинот „Шпигел“.

Повикувајќи се на неименувани извори, германскиот весник објави дека кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц се согласил оваа недела со плановите на Армијата следната година да испрати воена единица на Бундесверот за поддршка на мисијата на НАТО на Косово.

Во моментов Бундесверот има 85 војници стационирани на Косово. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан