• вторник, 24 декември 2024

Германија „длабоко загрижена“ поради израелската забрана за УНРВА

Германија „длабоко загрижена“ поради израелската забрана за УНРВА

Тел Авив, 29 октомври 2024 (МИА) – Германското Министерство за надворешни работи денеска изрази „длабока загриженост“ поради одлуката на израелскиот парламент да ја забрани главната агенција на ОН за помош на Палестинците на Блискиот Исток, вклучително и во Газа која е разурната од војна.

Работата на агенцијата, позната како УНРВА, „обезбедува суштинска и спасувачка хуманитарна помош и основни услуги за палестинските бегалци во Газа, Источен Ерусалим, Западниот Брег и регионот како целина“, рече портпаролката на германското МНР во Берлин.

- Без работата на УНРВА, виталната хуманитарна помош во Газа би била на работ на колапс, рече таа, пренесува ДПА.

Германскиот амбасадор во Израел претходно денеска со слични зборови ја изрази својата загриженост. Штефен Зајберт рече дека е „многу загрижен за ефектите“ од забраната.

Израелскиот парламент вчера усвои два закони – еден со кој се забранува на УНРВА да работи во Израел и друг со кој им се забранува на израелските власти каков било контакт со оваа организација на ОН за помош. јт/

Остани поврзан