• среда, 25 декември 2024

Германија ги критикува најавите на САД за нови санкции за Северен тек 2

Германија ги критикува најавите на САД за нови санкции за Северен тек 2

„Новите санкции би биле сериозно мешање во европската енергетска безбедност и суверенитетот на Европската унија“, се наведува во соопштението на германското Министерство за надворешни работи. Вашингтон воведе санкции кон крајот на минатата година, наменети за бродовите кои поставуваат цевки во Балтичкото Море и странските државјани кои се вклучени во тие работи. Мерките го одложија завршувањето на проектот, планирано за крајот на минатата година. Овој месец, група американски сенатори претставија предлог-закон, со кој се предлага санкционирање на компаниите кои обезбедуваат бродови за други активности поврзани со проектот. Вашингтон предупредува дека ЕУ ќе биде уште повеќе зависна од рускиот природен гас поради гасоводот, на што предупредија Украина и некои членки на ЕУ, како Полска.
Русија, пак, тврди дека САД се обидуваат да го урнат гасоводниот проект за да го отворат патот за американските снабдувачи на природен гас кој, како што тврди Москва, ќе се извезува во ЕУ по повисоки цени од руските. паг/
   

Остани поврзан