• сабота, 23 ноември 2024

Германецот Шмит останува во Бенфика до 2026 година

Германецот Шмит останува во Бенфика до 2026 година

Лисабон, 1 април 2023 (МИА) – Германецот Роџер Шмит ќе остане тренер на португалскиот фудбалски гигант Бенфика до 30 јуни 2026 година, соопшти денеска клубот од Лисабон.

„Чувствувам дека се наоѓам на вистинското место и многу сум среќен поради тоа што Бенфика има доверба во мене“, изјави германскиот стратег.

Португалскиот клуб потпиша договор со Шмит во мај лани.

Шмит стекна реноме како тренер на австриски Салцбург и германски Баер Леверкузен, а од 2020 година го предводеше холандски ПСВ Ајндховен. ег/

Фито: Твитер

Остани поврзан