Герасимовски: Св. Климент Охридски е поттик за учење, создавање и зачувување на вистинските вредности
- СООПШТЕНИЕ - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитка до сите граѓани кои денеска го слават името и делото на големиот просветител Св. Климент Охридски.

Скопје, 8 декември 2024
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитка до сите граѓани кои денеска го слават името и делото на големиот просветител Св. Климент Охридски.
„Честит празник Св. Климент Охридски! Нека ни биде поттик за неуморно учење, создавање и зачувување на вистинските вредности. Големиот просветител и основач на првиот балкански универзитет, Охридската школа, е наша гордост и инспирација. Да го одбележиме овој ден во мир и љубов, со почит кон делото што го остави зад себе. За многу години.”, истакнува Герасимовски.
Општина Центар
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.