• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: Општина Центар го промовира културниот идентитет, пријавете се на повикот за афирмација на значајни личности и настани  

Герасимовски: Општина Центар го промовира културниот идентитет, пријавете се на повикот за афирмација на значајни личности и настани  

Скопје, 10 јули 2025 

Општина Центар објави Јавен повик за реализација на проектот „Одбележување на настани и личности“, со цел афирмација на македонската култура и историја.  

„Во рамки на овој проект предвидено е организирање настани посветени на истакнати личности од Општина Центар, кои твореле и делувале во сите сфери на животот и оставиле трага во својата професија, како и одбележување на јубилеи на значајни настани од нашето културно и историско наследство. Преку ваквите настани се промовира автентичноста и богатата традиција на нашата општина“, посочи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

На повикот може да се пријават поединци, здруженија и правни субјекти што работат во областа на културата, уметноста или маркетингот, со седиште или живеалиште во Општина Центар. Потребно е да имаат најмалку една година активно дејствување и искуство во организација на слични настани. 

Заинтересираните можат да аплицираат по пошта на адреса: Општина Центар – Скопје, ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, или лично во архивата (барака 6), од 09:00 до 15:00 часот 

 Рокот за пријавување e 5 дена од објавувањето на повикот на веб-страницата на Општина Центар, повеќе информации на https://www.centar.gov.mk/?p=25928

Општина Центар

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан