• вторник, 24 декември 2024

Герасимовски: Нов кош, голчиња и детски реквизити на игралишата во населба Пролет

Герасимовски: Нов кош, голчиња и детски реквизити на игралишата во населба Пролет

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба Пролет, а старите и дотраени детски реквизити се заменети со нови, информираат од општината.

Од локалната самоуправа посочуваат дека децата добиле нови голчиња, кош, ограда и подлога, а кај детското поставени се нови лулашки, клацкалки, лизгалка, голема дрвена конструкција куќарка, како и нова клупа за следење на детската игра.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој ја посети населбата Пролет, вели дека во тек е реконструкција на повеќе детски игралишта со цел децата од различните генерации да играат правилно растат и се развиваат, го негуваат спортот и преку него се социјализираат и дружат.

- Периодов работиме на реконструкција на старите и дотраени реквизити на детските и спортски игралишта. Нашата цел истите да бидат подготвени и спремни да ги дочекаат децата во убавите сончеви денови. Физичкиот развој кај младите е исклучително важен во периодот на растење и развивање затоа нашата цел е децата да добијат што повеќе нови реквизити со цел да ја негуваме детската игра, физичкиот развој на децата како клучен фактор во целокупното здравје, вели Герасимовски.

Од Општина Центар истакнуваат дека досега се реконструирани неколку детски игралишта во Градски Ѕид кај Коктел Бар, близу Зелениот пазар, на Водно детското игралиште на улицата „Славејко Арсов“, малото фудбалско игралиште кај Кам маркет во Дебар Маало.

Освен овие игралишта, Општината од старото и дотраено игралиште близу ТЦ „Зебра“, направи комплетно ново и инклузивно, потоа, ги реконструираше детските и спортските игралишта во Капиштец, двете спортски игралишта во дворот на ООУ „Ј.Х. Песталоци“, детското игралиште близу Градската болница и кошаркарското, фудбалското и детското во населба Пролет. ир/са

 

Фото: Општина Центар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан