• сабота, 23 ноември 2024

Герасимовски: Ги враќаме училишните спортски игри во Општина Центар

Герасимовски: Ги враќаме училишните спортски игри во Општина Центар
Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска во ООУ „11 Октомври“ ги отвори Училишните спортски игри за учебната 2021/2022. Како што соопшти Општина Центар, по двегодишна пауза поради пандемијата со КОВИД-19, од оваа година продолжија Училишните спортски игри во осумте основни училишта во општината, кои се натпреваруваат во четири спортови: кошарка, ракомет, фудбал и одбојка за девојчиња. - Од годинава во спортските лиги ни се приклучуваат и учениците од новото основно училиште, „Киро Глигоров“, кои веќе ја добија својата соодветна спортска опрема и се подготвени рамо до рамо да се натпреваруваат со останатите ученици, изјави на отворањето градоначалникот Герасимовски. Тој соопшти дека Општина Центар ќе продолжи да го поддржува спортот и здравиот развој на сите деца и на учесниците на спортските игри им посака успех. мд/дма/

Остани поврзан