Герасимовски: Вандализмот кај младите е проблем кој мора да се адресира со соодветни законски решенија и стратегија
- СООПШТЕНИЕ - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски иницираше средба со проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова од Институт за социологија при Филозофскиот факултет на која разговараше за девијантните појави и вандализмот во Капиштец.
Скопје, 16 јули 2024
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски иницираше средба со проф. д-р Татјана
Стојаноска Иванова од Институт за социологија при Филозофскиот факултет на која разговараше
за девијантните појави и вандализмот во Капиштец.
На средбата беше потенцирано дека вандализмот и деструкцијата кај младите е проблем кој мора да се адресира со соодветни законски решенија и стратегија.
-После она што го видовме на снимките од игралиштето во Капиштец со право секој од нас ќе се
запраша постојат ли казни или санкции за сторителите, а ако се тие малолетни, за нивните
родители? Затоа решив да покренам иницијатива, која ќе биде доставена и до ЗЕЛС. Го задолжив
правниот сектор и секторот за јавни дејности да изготват предлог измени во законите од доменот
на деца, родителството, основното и средно образование, малолетничката деликвенција, се со
цел да ја подигнеме свеста и да воведеме мерки за ресоцијализација на младите и нивните
родители преку воведување општо корисна работа, посочи Герасимовски на средбата.
Иванова потенцираше дека справувањето со девијантното однесување кај младите бара
поширока кампања.
-Решението за девијантните појави и однесување кај младите бара поширока кампања во која не
треба да бидат вклучени само стручни лица, туку треба да има општа мобилизација и работа не
само со децата, туку и со родителите за да имаме резултати, рече Иванова.
Општина Центар пред неколку дена објави видео снимки на кои млади лица насилно се
однесуваат и кршат реквизити на детски игралишта. Видео снимките ги доби од загрижени
жители од околните згради кои скришно ги снимале. Општината случајот како и претходните го
пријави во полиција со цел да се пронајдат сторителите. Во општината насилното однесување е
честа појава со која општината се обидува да се справи веќе подолго време. Периодов во
Општина Центар има зголемено полициско присуство.
Општина Центар
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.