• среда, 27 ноември 2024

Георгиевски: На располагање над 50 милиони евра од ИПАРД-програмата и мерката „Млад земјоделец“

Георгиевски: На располагање над 50 милиони евра од ИПАРД-програмата и мерката „Млад земјоделец“

23 септември 2023 

Младите земјоделци се во фокусот на развојните мерки, програми и политики на СДСМ.

На располагање се над 50 милиони евра од ИПАРД програмата како и мерката „Млади земјоделец“.

Огромна можност, огромен потенцијал за развој, огромна шанса за успех.

Во тек е нов повик за млади земјоделци за поддршка од 10.000 евра по корисник, од Националната програма за рурален развој.

За прв пат од оваа година, авансна исплата во износ од 40% за младите кои ќе добијат грант за мерката "Млад земјоделец" и тоа веднаш по потпишувањето на договорот.

Во тек е и програмата ИПАРД 3 која нуди дури до 70% кофинасирање во инвестиции.

Ги повикуваме сите млади земјоделци да аплицираат и да ги искористат средствата.

Бројките од реализираните резултати во изминатите години покажуваат дека имаме создадено услови и обезбедено силна поддршка на младите земјоделци.

Од 2017 година до денес, финансиска поддршка од само 2 мерки искористиле вкупно 838 млади земјоделци.

576 млади добиле грант до 10.000 евра а 262 млади земјоделци добиле грант до 20.000 евра.

Од вкупно склучени 2.386 договори за закуп на земјоделско земјиште, 754 се млади земјоделци кои се ослободени од плаќање закупнина во првите три години.

Од вкупно склучени 2369 договори за ИПАРД 2 дури 859 се млади земјоделци, чии инвестиции во земјоделството изнесуваат 9. милиони евра.

СДСМ преку надлежните институции и министерството кое што го предводи не се фокусираше само на финанасиска поддршка за младите да можат да набавуваат опрема.

Со законските измени овозможивме младите земјоделци да добијат земја под закуп и при тоа ги ослободивме во првите три години да не плаќаат закупнина.

Тоа за нив е дополнитено олеснување и голем мотив.

Во процес на креирање е и нова идеја за формирање на Сојуз на млади земјоделци по примерот на Рурална младинска асоцијација на младите земјоделци во Словенија, кои се дел од Европската организација на млади фармери.

Младите земјоделците се иднината на македонското земјоделство. Ги мотивираме да инвестираат тука, во својата татковина, и да го модернизираат своето производство, со што ќе остварат поголем принос и профит.

 


Прес-конференција на Гоце Георгиевски, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан