• вторник, 24 декември 2024

Георгиевска: Вкупно 10.717 невработени опфатени со Оперативниот план за вработување

Георгиевска: Вкупно 10.717 невработени опфатени со Оперативниот план за вработување
Скопје, 6 август 2021
 
Дополнителни 438 невработени лица ќе бидат опфатени со мерката за субвенционирање на плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување. Со оваа одлука на Владата предводена од СДСМ, со оваа мерка, вкупниот опфат на невработени лица со Оперативниот план ќе се зголеми на 10.717 лица. Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување создаваме нови можности и давама поддршка за креирање нови работни места, но и зголемување на вработливоста на невработените лица, особено на младите. Овие мерки се силна поддршка и за невработените лица кои го загубиле работното место поради пандемијата со Ковид-19. СДСМ е тука за граѓаните. Економските мерки и политики даваат резултат. Средствата се обезбедени грижата за сите, а особено за најранливите граѓани продолжува.
 
Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ
 
_______________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан