• сабота, 06 декември 2025

Генерал-потполковник Москалик загина во експлозија на автомобил во Московската област

Генерал-потполковник Москалик загина во експлозија на автомобил во Московската област

Мoсква, 25 април 2025 (МИА) - Во експлозија во Балашиха во близина на Москва, загина заменик-началникот на Главната оперативна дирекција на Генералштабот, генерал-потполковник Јарослав Москалик, потврди официјалната претставничка на Истражниот комитет, Светлана Петренко.

„Според прелиминарните информации, заменик-началникот на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, генерал-потполковник Јарослав Москалик, е убиен во експлозијата“, изјави Петренко.

Автомобил „фолксваген голф“ експлодирал во Балашиха на улицата „Нестеров“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан