• среда, 27 ноември 2024

Генералниот совет на ДУИ утре ќе одржи состанок

Генералниот совет на ДУИ утре ќе одржи состанок
Скопје, 6 ноември 2021 (МИА) - Партиското раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) утре ќе одржи состанок. Како што потврди за МИА портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, состанокот на Генералниот совет ќе се одржи во 13 часот. Доцна синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил соопшти дека е во постојана комуникација со сите политички партии, „освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев“. Како што напиша Ахмети, нема да се постапува ниту со емоција, ниту со еуфорија. -Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни, со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик. Исто така, за актуелните случувања во контакт и кординација сум со нашите стратешки партнери, САД, НАТО и ЕУ. Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија, наведе лидерот на ДУИ на својот фејсбук профил по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство. мч/мд/      

Остани поврзан