Генералниот секретар на НАТО, Руте на 11 март ќе го посети Косово
- Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во вторник (11 март) ќе го посети Косово, потврдено е денеска на официјалната веб-страница на Северноатлантската алијанса.

Приштина, 7 март 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во вторник (11 март) ќе го посети Косово, потврдено е денеска на официјалната веб-страница на Северноатлантската алијанса.
Руте ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, а по средбата со Османи ќе одржат и заедничка прес-конференција.
Руте, придружуван од амбасадорите на земјите-членки на НАТО, ќе се сретне и со командантот на КФОР, Енрике Бардуани, шефот на мисијата на ЕУ. Аиво Орава, шефот на ЕУЛЕКС, Џовани Барбано и шефот на УНМИК, Каролин Зиаде.
Ова е прва посета на Руте на Косово откако беше назначен за генерален секретар на НАТО. рп/
Фото: ЕПА