• вторник, 24 декември 2024

Раководството на ЕСМ одржа состанок со претставници од Кредитната банка за обнова

Раководството на ЕСМ одржа состанок со претставници од Кредитната банка за обнова

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов, директорката на правни и општи работи Душица Сеизовска Јовановиќ и директорот на развој и инвестиции Благој Гајдарџиски денеска одржаа работен состанок со високи претставници од Кредитната банка за обнова – КфВ.

На состанокот, како што соопшти АД ЕСМ, посебен акцент се стави на тековните активности кои се извршуваат во соработка и поддршка од КфВ Банка, Ветерниот парк Богданци, ревитализацијата на шест големи хидроелектрани, меѓу кои ХЕ Вруток, ХЕ Врбен, ХЕ Равен, ХЕ Тиквеш, ХЕ Шпилје и ХЕ Глобочица. Се дискутораше и за топлификација Битола, кој е, како што се наведува, многу значаен проект за граѓаните од Битола, Могила и Новаци, како и други проекти кои се во тек и се планираат за наредниот период.

Од ЕСМ ја истакнуваат потребата од инвестициите во обновливи извори за енергија и додаваат дека сега е вистинското време, ако се земе предвид дека во нашата земја немало никакви инвестиции на ова поле во изминатите 30 години.

- АД ЕСМ продолжува да се движи кон зеленото сценарио и ќе се стреми во иднина да бидеме енергетски независна земја која произведува електрична и топлинска енергија од обновливи извори на енергија. Поддршката и соработката со институции како КфВ е од клучно значење и ќе придонесе за побрза и полесна транзиција кон Зелената агенда за Западен Балкан, со заложбата за транзиција кон чиста енергија, која има цел намалување на емисиите на стакленички гасови за 61 проценти, се наведува во соопштението од АД ЕСМ. мд/лв/

Фото: АД ЕСМ 

Остани поврзан