• среда, 22 јануари 2025

Гвардиола: Јас и Енрике сме блиски пријатели, но сакам ПСЖ против нас да игра лошо

Гвардиола: Јас и Енрике сме блиски пријатели, но сакам ПСЖ против нас да игра лошо

Париз, 21 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за натпреварот против ПСЖ во 7. коло од Лигата на шампионите.

- И на двата тима им остануваат уште два натпревара. Утрешниот натпревар е многу важен за нас, но ни претстои уште еден натпревар на домашен терен против Клуб Бриж. Не знам колку бодови ни се потребни за да се пласираме во плејофот. Сега доаѓа најтешкиот период од сезоната во однос на противниците.

Ми се допаѓа сè за Луис (Енрике) и начинот на кој игра Пари Сен Жермен. Нашите семејства се многу, многу блиски пријатели. Ги сакам, мислам дека и тие не сакаат нас. Имаме неверојатна врска и се радуваме кога ќе се видиме. „Со целото мое срце, сакам Пари Сен Жермен утре да игра лошо за да можеме да ги победиме, но ќе поминат 95 минути, а потоа односот со Луис ќе остане ист, изјави Гвардиола.

ПСЖ ќе му гостува на Манчестер сити утревечер во 21 часот.

По шест кола, Сити е на 22. место со осум бодови, ПСЖ е 25-ти со 7. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан