• понеделник, 23 септември 2024

Гвардиола по ремито со Арсенал: Сити заслужи го доби, бевме трпеливи и на крајот израмнивме

Гвардиола по ремито со Арсенал: Сити заслужи го доби, бевме трпеливи и на крајот израмнивме

Манчестер, 22 септември 2024 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го коментираше нерешениот резултат на мечот со Арсенал.

Средбата заврши 2:2, Сити се спаси од пораз со гол во последната минута од судиското надополнување.

- Не знам колку играчи на Арсенал имаа грчеви, но ова, се разбира, се случува на тешки натпревари. Постојано бевме во противничкиот шеснаесетник. Беше многу тешко. Се бранеа со десет играчи во нивното поле. На крајот го добивме заслуженото. Можеби ќе го направевме истото да бевме на нивно место. На крајот бевме трпеливи, создадовме шанси и на крајот израмнивме, изјави Гвардиола во интервју за „Sky Sports“.

Сити исто така нема загубено ниту еден натпревар оваа сезона. „Граѓаните“ водат во англискиот шампионат со 13 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан