• сабота, 27 јули 2024

Гвардиола не сака Силва да го напушти Манчестер сити

Гвардиола не сака Силва да го напушти Манчестер сити

Манчестер, 18 март 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не дава согласност фудбалерот од средниот ред на тимот Бернардо Силва да го напушти тимот.

- Сите го бараат Силва. Јас сакам ој да остане со нас. Ова е многу важно за нашиот тим, изјави Гвардиола за „Goal.com“.

Претходно во англиските медиуми беше објавено дека Португалецот би можел да замине во Барселона.

Силва сезонава одигра 24 натпревари во Премиер лигата, постигна шест гола и направи четири асистенции.

По 28 натпревари во Премиер лигата, Манчестер сити има 63 бодови и се наоѓа на третото место во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан