• понеделник, 23 декември 2024

Гајиќ останува во Голден Арт уште две години

Гајиќ останува во Голден Арт уште две години
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Поранешниот јуниорски македонски репрезентативец и капитен на старо новиот член на нај квалитетното домашно ракометно натпреварување, Голден Арт, Глигор Гајиќ го продолжи договорот со клубот за наредните две години. Стружанецот пристигна во Голден Арт во јуни 2020 година и притоа се профилираше во еден од носителите на играта на тимот, а со својата посветеност, професионалност и верност, од стартот на последнава сезона го заслужи и статусот,  капитен на клубот. - Задоволен сум што ја остваривме целта и експресно се вративме во супер лигата, чест ми е што ја продолжуваме соработката со клуб кој премногу вложува во македонските играчи и придонесува за развојот на ракометот во Македонија. Гледам само позитивно и оптимистички за иднината на клубот во супер лигата, ќе работиме напорно, професионално и заедно чекориме кон нови успеси во супер лигата, изјави Гајиќ за официјалните друштвени мрежи на клубот од Општина Аеродром. Глигор Гајиќ својата ракометна кариера ја стартуваше во родната Струга, од каде премина во скопски Металург, а последните две години настапуваше за Голден Арт. Договорот со тимот на Голден Арт е со важност до јуни 2024 година. зс/

Остани поврзан