• петок, 03 јануари 2025

Гаши: 2025-та ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава, во која сите живеат достоинствено и просперитетно

Гаши: 2025-та ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава, во која сите живеат достоинствено и просперитетно

Скопје, 31 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши со видео-обраќање објавено на неговиот фејсбук-профил им ја честита на граѓаните Новата 2025 година.

Во обраќањето спикерот Гаши посочува дека изминатата 2024-та била година на предизвици и суштински промени, а дека претстојната 2025-та „ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава“.

-Во пресрет на новогодишните празници, чувствувам дека е совршен момент да рефлектираме за она што го поминавме, како и да го отвориме патот за новата година со нови можности. Годината што ја оставаме зад нас, имаше предизвици, но и суштински промени. Нашето Собрание, по политичката ротација годинава, имаше нов состав и динамика. Покажавме сериозен ангажман во зголемувањето на транспарентноста и парламентарната дипломатија, вели претседателот на Собранието во видео обраќањето.

Годината што доаѓа, нагласува Гаши, ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава, во која сите живеат достоинствено и просперитетно. 

-Сечија посветеност е клучна за остварување на нашите заеднички аспирации. Затоа, надвор од какви било разлики, да работиме заедно и да ја направиме реалност оваа идеална држава со нашите заеднички вредности. За крај, дозволете ми во мое лично име, во името на пратениците и во името на Собранието да ви честитам Нова Година со здравје, мир и среќа на вам и вашите семејства. Срдечно, Среќна Нова 2025 година, вели Гаши во честитката.фф/са/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан