• понеделник, 23 декември 2024

Гаши: Нема Влада со партии кои не го прокламираат евроатлантскиот курс и политиките на добрососедството

Гаши: Нема Влада со партии кои не го прокламираат евроатлантскиот курс и политиките на добрососедството
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Алтернатива никогаш нема да биде дел од една влада која не ја прокламира јасно оваа ориентација - евроатлантскиот курс и политиките на добрососедството, истакна лидерот на оваа партија Африм Гаши во изјава за Телевизија 21. Тој, исто така, посочи дека нема да влезат во Влада која нема да го реши спорот со соседна Бугарија. - Во партијата имаме разговарано само за гласање на недоверба на Влада. Тоа денеска не помина. За да биде Алтернатива дел од некоја Влада ќе треба да разговараме во партијата, но морам да напоменам – нема Влада со партии кои немаат јасна цел, а тоа е ЕУ, НАТО и политиките на добрососедство. Видете, за нас е најважно државата да се движи напред. Битно е да имаме стабилна Влада. Ние сакаме да бидеме конструктивни. Не сакаме брзи избори, тоа не е чесно према граѓаните. Сакаме силни гаранции од меѓународниот фактор, дека Македонија е блиску до датум за преговори. После изборите во Бугарија очекуваме решавање на спорот. Искрено очекуваме датум за отпочнување на преговори. За тоа треба стабилна Влада, рече Гаши. Тој додава дека немаат забелешки за СДСМ. - Оваа Влада Македонија ја внесе во НАТО и има големи аспирации да стане дел од Европската Унија. Тие имаат заслуги за членството на државата во НАТО. Имаат заслуги и за европската агенда, порача Гаши. Гаши потенцира дека од денеска нашата држава влегува во длабока кризна состојба и Алтернатива, како што рече, ќе се однесува со одговорност кога ќе бидат доведени во прашање важни процеси за нашата држава. Тој истакна дека не се за брзи избори, бидејќи, како што вели, народот веќе е изморен од одржување избори секоја година едноподруго. фф/нд/

Остани поврзан