• вторник, 19 ноември 2024

Гаши: Имам информации дека се подготвува закон за правична застапеност

Гаши: Имам информации дека се подготвува закон за правична застапеност

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши по денешниот брифинг со новинарите соопшти дека се подготвува закон за правична застапеност, кој би требало да го замени „балансерот“.

-Ова прашање е во доменот на политичките партии и на политиката. Јас од функцијата претседател на Собранието не можам да коментирам за ова прашање, но бидејќи сум во Собранието и сум во контакт со пратениците од сите политички партии, има м информации дека се подготвува таков закон, рече Гаши.

 Првиот вицепремиер Изет Меџити минатата недела нагласи дека има согласност во владината коалиција за закон за правична застапеност.

-Имаме политички договор тоа да се среди со Закон за правична застапеност. Само треба да најдеме начин евентуално да има некоја евиденција на етничка припадност во администрацијата, без да се косиме со приватноста на информациите, рече Меџити.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев неодамна истакна дека ова ќе зависи од одлуката на Уставниот суд.

-Јас во овој момент не би можел да кажам дали ќе има ново, или пак каква ќе биде содржината на тоа законско решение. Секако, би ја почекал, а секако и Министерството за јавна администрација, конечната одлука на Уставниот суд. Во зависност од тоа каква ќе биде ние би пристапиле кон евентуално ново законско решение, рече Минчев.

Уставниот суд времено го запре користењето на балансерот до конечната одлука за уставноста на законските одредби со кои се овозможува етничката припадност да е услов за вработување. Од Министерството ја јавна администација информираа дека наскоро сите институции ќе добијат упатство како да постапуваат до конечната одлука. Оттаму не споделија повеќе детали. фф/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан