• среда, 04 февруари 2026

Гаши во официјална посета на Вашингтон, ќе учествува на Националниот молитвен појадок

Гаши во официјална посета на Вашингтон, ќе учествува на Националниот молитвен појадок

Скопје, 2 февруари 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, од денеска до 7 февруари ќе престојува во официјална посета на Вашингтон.

За време на посетата Гаши ќе учествува на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast), еден од најзначајните традиционални настани во САД, и ќе оствари средби со американски конгресмени и претставници на меѓународни партнерски организации, со фокус на зајакнување на институционалното и политичкото партнерство.

Во рамките на посетата претседателот на Собранието ќе се обрати на Форумот за безбедност во американскиот Конгрес, на кој ќе учествуваат лидери од европските земји и претставници на американскиот аконгрес, каде што ќе се дискутира за инвестициите во областа на одбраната, регионалната безбедност и трансатлантското партнерство. Гаши ќе биде дел и од панел-дискусијата на конференцијата Balkans Forward Summit, организирана од Атлантскиот совет.

- Целта на посетата е продлабочување на односите со Соединетите Американски Држави и унапредување на соработката во областа на демократијата, безбедноста и интеграциите - велат од собраниската прес-служба. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан