• среда, 27 ноември 2024

Гашиќ ги отфрли обвинувањата на Свечља за наводна обука на терористи во Србија

Гашиќ ги отфрли обвинувањата на Свечља за наводна обука на терористи во Србија

Белград, 17 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ денеска ги отфрли обвинувањата на министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, за наводна обука на терористи на полигони на вооружените сили на Србија, а поврзаноста на претседателот Александар Вучиќ со неа ја оцени како обична клевета, соопшти денеска Министерството за одбрана.

-На територијата на Република Србија, за разлика од областа под контрола на Приштина, ниту еден терорист не бил обучуван и не се обучува. Терористите се апсат и гонат во Србија, додека во Приштина тие слободно се движат, се занимаваат со профитабилен бизнис или вршат јавни функции, рече Гашиќ.

Тој посочи дека полигоните на војската на Србија служат исклучиво за нејзините потреби и дека сите други информации и наводни докази што ги споменува Свечља се обични лаги и фалсификати. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан