• понеделник, 23 декември 2024

Гауф ја бележи најдолгата победничка серија во ВТА во 2023 година

Гауф ја бележи најдолгата победничка серија во ВТА во 2023 година

Пекинг, 5 октомври 2023 (МИА) – Светскиот рекет број 3, Коко Гауф, денес во третото коло на турнирот во Пекинг ја победи 16. На ВТА листата Вероника Кудерметова – 7:6 (5), 6:2. Гауф има 21 победа во последните 22 натпревари. Таа победи на 15 натпревари по ред. Ова е најдолгата серија сезонава на ВТА турнирите.

Американката ја престигна Ига Швјонтек која застана на 14 победи во низа во 2023 година.

Во следното коло на турнирот во кинеската престолнина, Гауф ќе се соочи со победничката од мечот Марија Сакари (Грција) – Ванг Ксињу (Кина). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан