• недела, 28 јули 2024

Гасли зборуваше за новиот болид на Мерцедес

Гасли зборуваше за новиот болид на Мерцедес
Лондон, 16 март 2022 (МИА) – Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли го сподели своето мислење за новиот болид на Мерцедес по претсезонските тестови во Бахреин. - Бев изненаден што се борев со Луис Хамилтон неколку круга. Интересно е да се собираат информации и чувства од потера на ривалите. Мислам дека е очигледно дека е подобро од лани, па затоа сум доста оптимист и очекувам престигнувања. Јасно е дека треба да направиме многу работа за да ја подобриме брзината и рамнотежата на болидот. Очигледно беше дека и Луис има проблеми. Тие треба да работат напорно за да се борат за лидерство. Ова се само тестови и на нив тимовите добиваат информации како да го извлечат максимумот од болидот, изјави Гасли. Бахреин ќе биде домаќин на првата трка од сезоната 2022 во Формула 1 од 18 до 20 март. зс/

Остани поврзан