• вторник, 24 декември 2024

Гарсија: Лион требаше прв да постигне гол, но потоа противниците го презедоа водството

Гарсија: Лион требаше прв да постигне гол, но потоа противниците го презедоа водството
Лисабон, 20 август 2020 (МИА) – Тренерот на Лион, Руди Гарсија ги сумираше впечатоците од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн (0:3). - Требаше први да постигнеме гол, тоа не се случи, а потоа противниците го презедоа водството благодарение на индивидуалната вештина на Гнабри. Чувството на неправда постои. И во второто полувреме се обидовме да не се откажеме. Не му дозволивме на Баерн да се опушти и мислам дека тие се среќни што нè победија, иако важеа за апсолутен фаворит. Можеме да бидеме горди на нашиот настап, но сега, се разбира, сме разочарани. Среќата целосно се оддалечи од нас на почетокот на натпреварот, кога промашивме две брилијантни шанси, истакна Гарсија. Баерн во финалето ќе игра со ПСЖ. зс/

Остани поврзан