• среда, 27 ноември 2024

Гари Каспаров ставен на руската листа на терористи и екстремисти

Гари Каспаров ставен на руската листа на терористи и екстремисти

Москва, 6 март 2024 (МИА) - Светскиот шампион во шах Гари Каспаров е додаден на листата на терористи и екстремисти, соопшти денеска Федералната служба за финансиски надзор на Руската Федерација (Росфинмониторинг).

„Гари Каримович Каспаров, роден на 13 април 1963 година, во Баку, во Азербејџанската автономна Советска Социјалистичка Република, е на списокот“, соопшти Росфинмониторинг, пренесена од руските медиуми.

Судот во Москва веќе го има казнето Каспаров со 30.000 рубљи (повеќе од 300 евра) поради непочитување на законот за „странски агенти“.

Пред еден месец истиот суд го казни Каспаров со 40.000 рубљи (повеќе од 400 евра) поради објави на социјалните мрежи.

Каспаров во мај лани беше ставен во регистарот на странски агенти во Русија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан