• недела, 22 декември 2024

Галатасарај се согласи да го ослободи Фалкао во клубот на Бекам

Галатасарај се согласи да го ослободи Фалкао во клубот на Бекам
Истанбул, 29 јули 2020 (МИА) - Напаѓачот на Галатасарај, Радамел Фалкао може да ја продолжи кариерата во американската лига - МЛС. Според „Diario AS“, Интер Мајами, сопственост на Дејвид Бекам, е заинтересиран за 34-годишниот Колумбиец. Турскиот клуб е подготвен да го ослободи играчот во случај на привлечна понуда. Фалкао оваа сезона оствари 22 настапи на сите турнири, постигнувајќи 11 голови и една  асистенција. зс/

Остани поврзан