• петок, 05 декември 2025

Галатасарај може да го ангажира Чалханоглу во зимскиот преоден рок

Галатасарај може да го ангажира Чалханоглу во зимскиот преоден рок

Истанбул, 11 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу, може да го напушти италијанскиот клуб. Според „Fichajes“, Галатасарај е заинтересиран за 31-годишниот Турчин. 

Страните веќе преговарале за евентуален трансфер на играчот во лето, но го одложиле евентуалниот трансфер до зима. 

Се очекува турскиот клуб да плати 10 милиони евра за играчот од средниот ред.

Чалханоглу игра за Интер од летото 2021 година. Во сезоната 2024/25, тој постигна 11 гола и имаше осум асистенции на 47 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан