• понеделник, 23 декември 2024

Галатасарај и Фенербахче не сакаат да го играат Суперкупот во Саудиска Арабија

Галатасарај и Фенербахче не сакаат да го играат Суперкупот во Саудиска Арабија

Истанбул, 7 ноември 2023 (МИА) – Фудбалските клубови Фенербахче и Галатасарај бараат натпреварот од турскиот Суперкуп на 29 декември да го играат на домашен терен, а не како што е планирано во Саудиска Арабија.

Локалните медиуми пренесуваат дека постои притисок финалето да се игра во Турција бидејќи годинава во земјата се одбележува еден век од прогласувањето на турската република.

Фенербахче во неделата предложи натпреварот да се игра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул или на стадионот на Самсунспор.

Самсун, на брегот на Црното море, е градот од каде „таткото" на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ја поведе војната за независност, која резултираше со прогласување на Републиката на 19 октомври 1923 година.

Прашањето за местото на одигрување на Суперкупот го разгледа и Управниот одбор на Галатасарај, објавувајќи дека клубот сака натпреварот да се игра на „домашен терен“.

Планирано е турскиот Суперкуп да се игра во Ријад.

Своите натпревари во националниот Суперкуп изминатите години во Саудиска Арабија ги играат Шпанија и Италија. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан