Галатасарај испрати понуда до Манчестер сити за Едерсон
- Галатасарај испрати официјална понуда за голманот на Манчестер сити, Едерсон, објави новинарот на „Спорт Медиасет“, Орацио Акомандо.
Истанбул, 16 август 2025 (МИА) - Галатасарај испрати официјална понуда за голманот на Манчестер сити, Едерсон, објави „Sport Mediaset“.
Понудата е околу 10 милиони евра, но Сити нема да се согласи да се откаже од голманот освен ако не се обезбедат подобри услови.
Турскиот клуб наводно му понудил на 31-годишникот петгодишен договор со плата од 8 милиони евра по сезона, што би го направило еден од најплатените играчи во историјата на турскиот фудбал.
Едерсон игра за Манчестер сити од 2017 година. Неговиот договор важи до летото 2026 година. зс/
Фото: ЕПА