• недела, 06 октомври 2024

Галан: Израел не е заинтересиран за војна на северниот фронт, но ако Хезболах нападне - ќе плати многу висока цена

Галан: Израел не е заинтересиран за војна на северниот фронт, но ако Хезболах нападне - ќе плати многу висока цена

Тел Авив, 15 октомври 2023 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека Израел нема интерес да води војна на северниот фронт и дека доколку либанскиот Хезболах се воздржи, тогаш Израел ќе ја задржи ситуацијата долж границата како што е.

-Немаме интерес да војуваме на северот. Не сакаме ескалација. Но, ако Хезболах го избере патот на војната, за тоа ќе плати многу, многу висока цена. Меѓутоа, ако се воздржат, ние ќе го почитуваме тоа и да ја задржите ситуацијата како што е, рече Галан, потврдувајќи дека имало размена на оган на границата со Либан

Во последните недели имаше спорадични размени на оган на израелско-либанската граница, што ги зголеми стравувањата дека борбите со Хамас во Газа може да се претворат во поширок конфликт, јавуваат британските медиуми.

Попладнево на северот на Израел одекнаа сирени, поради што населението влезе во засолништа, а армијата соопшти дека пресретнала пет од деветте ракети истрелани од Либан.

Израелските одбранбени сили одговорија со артилериски напад на местото од кое беа истрелани ракетите во Либан.сд/

фото:МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан