• сабота, 21 декември 2024

Галант: Ќе стигнеме до секој терорист и ќе го елиминираме

Галант: Ќе стигнеме до секој терорист и ќе го елиминираме

Тел Авив, 17 октомври 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска најави дека земјата ќе стигне до секој терорист и ќе го елиминира.

Тој ова го изјави во време кога се погласни се шпекулациите дека главниот лидер на палестинскиот екстремистички Хамас, Јахја Синвар, е убиен во воена операција во Газа. Анонимен функционер за телевизијата Канал 12 потврдил дека Синвар е елиминиран.

Галант на Х објави фотографии од поранешниот воен водач на Хамас, Мухамед Деиф и лидерот на либанскиот Хезболах, Хасан Насралах, прецртани со црвена буква х, заедно со трета затемнета фотографија, исто така прецртана, очигледна алузија на Синвар.

Во меѓувреме, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека тој му наложил на својот воен секретар војската да ги информира семејствата на заложниците дека нема знаци дека некој од нив бил повреден во неодамнешниот инцидент во Газа во кој е убиен екстремист кој многу личи на Синвар.

На социјалните мрежи кружат фотографии од убиен екстремист за кој израелскиот безбедносен естаблишмент верува дека е лидерот на Хамас, Синвар.

Од почетокот на војната во Газа пред една година беше објавено дека Синвар се опколил со израелски заложници за да се обезбеди, а висок американски функционер неодамна изјави дека тоа е оценка и на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Израелската армија се уште проверува дали екстремистот кој неодамна беше убиен од израелски војници е навистина Синвар, додавајќи дека во зградата каде што е пронајдено телото на убиениот немало заложници. јт/

Остани поврзан