• среда, 25 декември 2024

Галант: На израелската армија потребни и се 10.000 војници

Галант: На израелската армија потребни и се 10.000 војници

Тел Авив, 1 јули 2024 (МИА) – Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант денеска изјави дека на израелската армија потребни и се 10.000 војници.

Галант пред парламентарната комисија за надворешни работи и одбрана истакна дека 4.800 војници можат да се регрутираат од заедницата на ултраортодоксните Евреи, кои се 13 проценти од жителите на Израел.

Врховниот суд на Израел во јуни пресуди дека ултраортодоксните Евреи мора да бидат регрутирани и да служат во војска, потврдувајќи ја пресудата во мај дека државата нема овластување да ги ослободува ултраортодоксните мажи.

Илјадници ултраортодоксни Евреи синоќа се судрија со израелската полиција во центарот на Ерусалим за време на протестот против наредбата на Врховниот суд за нивната задолжителна воена служба. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан