Галант: Израел ќе продолжи да дејствува додека жителите на северот не се вратат дома
- Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека ја завршил проценката со началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-полковник Херзи Халеви и други високи воени офицери по убиството на високиот командант на Хезболах, Ибрахим Акил во Либан.

Тел Авив, 20 септември 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека ја завршил проценката со началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-полковник Херзи Халеви и други високи воени офицери по убиството на високиот командант на Хезболах, Ибрахим Акил во Либан.
- Дури и во Дахије во Бејрут, ние ќе продолжиме да го гониме нашиот непријател за да ги заштитиме нашите граѓани, напиша Галант на X.
- Редоследот на операциите во новата фаза на војната ќе продолжи додека не се постигне нашата цел: безбедно враќање на жителите на северот во нивните домови, додаде тој. јт/