• вторник, 13 јануари 2026

Галагер пред враќање во Премиер лигата

Галагер пред враќање во Премиер лигата

Мадрид, 12.јануари 2026 (МИА) – Англискиот фудбалер кој настапува за Атлетико Мадрид Конор Галагер е пред враќање во Премиер лигата. Играчот не е во комбинациите на тренерот на Атлетико Диего Симеоне, со што значи дека постои варјанта за враќање.

Интерес веќе има кај екипата на Астон Вила, а менаџерот Унаи Емери бара играчи во ротација особено што екипата се наоѓа при врвот на табелата. На Галагер сметаат и во Тотенхем, екипа која е во долниот дел од табелата.

Галагер кариерата ја почна во Челзи, а како позајмен настапуваше за Чарлтон, Свонси и ВБА, додека најдобрите настапи ги имаше во Кристал Палас. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан