• понеделник, 23 декември 2024

Газа: Од почетокот на војната загинаа 29 вработени во Агенцијата за бегалци на ОН

Газа: Од почетокот на војната загинаа 29 вработени во Агенцијата за бегалци на ОН

Газа, 22 октомври 2023 (МИА) - Дваесет и девет вработени во Канцеларијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) загинаа од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври, соопшти денеска агенцијата.

„Половина од колегите беа професори на УНРВА“, наведува агенцијата, додавајќи дека за три дена ќе останат без гориво.

„Без гориво, без вода, без функционални болници или пекари. Без гориво, нема помош. Недостигот од гориво ќе продолжи да ги задушува децата, жените и луѓето од Газа“, соопшти агенцијата.

„Од почетокот на конфликтот, дванаесет раселени лица кои беа во училиштата на ОН се убиени, а речиси 180 се повредени“, се додава во соопштението.

УНРВА во саботата соопшти дека потврдила дека 17 од нејзиниот персонал биле убиени од почетокот на бомбардирањето и предупреди дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан