• сабота, 23 ноември 2024

Гави ќе го продолжи договорот со Барса до 2026 година, откупната клаузула - милијарда евра

Гави ќе го продолжи договорот со Барса до 2026 година, откупната клаузула - милијарда евра
Барселона, 20 јануари 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред на Барселона, Гави е блиску до продолжување на договорот со клубот. Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза. Договорот на новиот фудбалер со каталонскиот клуб ќе важи до 2026 година. Висината на ослободителната клаузула на играчот според новиот договор ќе изнесува една милијарда евра. Во тековната сезона во Шпанското фудбалско првенство, 17-годишниот играч одигра 17 натпревари на кои постигна еден гол и три асистенции. зс/

Остани поврзан